Австриските пожарникари направија конструкција со резервоари со капацитет од 30.000 литри вода

Денешната мисија на австриските пожарникари е конструкција на водоводна цевка со должина од еден километар и конструкција на резервоари со вода со помош од припадници на Армијата на Република Македонија. Капацитетот на оваа конструкција е од 30.000 литри. Ова го обезбедува снабдувањето со вода. Во исто време дел од австриските пожарникари доби задача да заштити од пожар населба.
Вкупно денес имаше 92 пожарникари со три пртивпожарни четирицикли, шест пртивпожарни возила, десет специјални возила и седумнаесет различни возила и приколки.






