Автобус полн со ученици од Ниш удрил во банкина – возачот имал срцев удар
Автобус полн со учениците и професорите од гимназија од Ниш денеска околу 14 часот и 35 минути ја пробил заштитната ограда на автопатот Белград-Ниш кај Крагуевац, но за среќа сите поминале неповредени.
Според родителите на нишките средношколци, децата навистина се вознемириле, но сега се добро и се очекува наскоро да пристигнат во Ниш.
“Децата се загрижени за возачот, брзата помош го однела. Очигледно имал инфаркт. Не бил уморен, возачите се смениле во Белград и не возел повеќе од час и половина”, вели мајка на еден од учениците.
Два автобуса со средношколци од Ниш се враќале од Шпанија.