Азербејџанскиот претседател утре во официјална посета на Србија

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев утр еќ ебиде во официјална посета на Србија каде ќе биде примен од српскиот претседател Александар Вучиќ.

За време на официјалната посета на Алиев, ќе се одржи првата седница на Советот за стратешко партнерство меѓу двете земји. Најавено е потпишување билатерални документи.
Во Србија утре се слави Денот на државноста.
Алиев последен пат беше во Србија во декември 2023 година.

Двете земји воспоставија дипломатски односи во 1997 година и ги оценуваат како „традиционално пријателски и добри“.

Соработката е интензивна во изградбата на патишта во Србија која се обидува да снабдува природен гас од Азербејџан.

Државите Србија и Азербејџан склучија 42 билатерални договори.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс потпишаа „договор за стратешко партнерство“ во Баку на 10 февруари, што се однесува на економска и безбедносна соработка.

Back to top button
Close