Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските избори

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот противкандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, денеска изјавија дека прифаќаат јавна дебата пред изборите.

Бајден, 81-годишниот претседател, демократ кој се кандидираше за втор мандат, во радио интервју на прашањето на водителот дали би учествувал во јавна дебата со неговиот 77-годишен претходник од републиканците партија рече: „Со нетрпение би го очекувал“.

Ова е прв пат Бајден јасно да стави до знаење дека е подготвен за дебата со својот републикански ривал.

Трамп, кој одби да учествува во дебати дури и со ривалите од сопствената партија, пак изјави дека е подготвен за дебата со Бајден „во секое време, каде било“.

„Предлагам понеделник вечер, вторник вечер или среда навечер, за време на предизборниот митинг во Мичиген“, напиша поранешниот претседател на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Back to top button
Close