Бајден најави план за проширување на пристапот до бесплатни контрацептивни производи

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го објави планот за проширување на пристапот до контрацептивни производи кои се продаваат без рецепт, малку повеќе од две недели пред изборите во САД на 5 ноември. Темата за правото на абортус останува клучна во изборната кампања.

– Оваа нова мерка ќе помогне да се овозможи милиони жени со приватно здравствено осигурување да имаат пристап до бесплатни контрацептиви, изјави Бајден.

Предложената мерка ќе го прошири пристапот до бесплатна контрацепција за 52 милиони жени во репродуктивна возраст со приватно здравствено осигурување, се наведува во соопштението на Белата куќа.

– Денеска нашата администрација го предлага најголемото проширување на контрацептивните средства во повеќе од една деценија, изјави потпретседателката Камала Харис и кандидатка на Демократската партија на претстојните претседателски избори.

Предлогот на Белата куќа треба да биде објавен за јавна расправа, која ќе трае 60 дена, по што законскиот предлог може да биде финализиран.

Сегашниот закон за здравство во САД бара повеќето осигурителни планови да покриваат бесплатни контрацептивни производи, но исто така дозволува за нив да се бара рецепт. Новиот предлог ќе го прошири опсегот на производи што се продаваат без рецепт, вклучително и за итна контрацепција.

По одлуката на Врховниот суд во 2022 година со која се укинува уставното право на абортус, демократите се позиционираа како партија која го брани тоа право, а истражувањата покажуваат дека мнозинството Американци, исто така, го поддржуваат

Back to top button
Close