Бајден не бил информиран за рацијата во куќата на Трамп

Американскиот претседател Џозеф Бајден не бил однапред известен за рацијата во домот на поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида, објави Белата куќа, нагласувајќи дека Министерството за правда спроведува независна истрага.

– Претседателот не бил информиран, ниту некој во Белата куќа знаел за тоа, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Поранешниот американски претседател Трамп изјави дека агенти на ФБИ извршиле рација во неговиот имот во Мар-а-Лаго на Флорида и дека за време на претресот го обиле и сефот.

Според два извора запознати со ситуацијата, ФБИ ја пребарале резиденцијата на Трамп врз основа на налог како дел од истрагата за можното незаконско отстранување и уништување на документите на Белата куќа по неговото претседателствување.

Back to top button
Close