Бајден „подготвен на средба со Путин” ако со тоа се стави крај на војната во Украина
Бајден ги опиша акциите на Русија во Украина како „болни” и рече дека засега нема планови да контактира со Путин.
Ова Бајден го изјави за време на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, на која двајцата лидери ја потврдија својата посветеност да ја поддржат Украина.
Двајцата претходно ветија дека Русија ќе одговара за воените злосторства во Украина.