Бака Прасе низ солзи: Не велам дека тоа што го правев пред 2 години е добро. Јас ѝ се извинив, таа рече дека разбира и дека не ми замера

Боган Илиќ, попознат како Бака Прасе, на својот канал на Јутјуб објави видео во кое, низ солзи, ја открива содржината на пораките разменети со покојната јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ. Младата девојка со го одзела животот со предозирајќи се со антидепресиви и екстази по долгата борба што не можела да ја издржи.

Кога јавноста дозна за смртта на 21-годината девојка, многумина го обвинија Илиќ за тоа, наведувајќи дека навредите од негова страна и дополнителните напади кои ги предизвикале и нашетиле на психофизичкото здравје.

Тој беше и приведен по барање на Специјалното обвинителство за борба против ВТК, Вишото јавно обвинителство.

Имено, Бака Прасе е приведен врз основа на барање да се соберат потребните информации, односно разговори во врска со медиумските написи во кои се наведува дека една од причините за самоубиството на Кристина Ѓукиќ ака Кика (јутјуб-инфлуенсер) е тоа што Бака Прасе наводно ја прогонувал последните две години преку социјалните мрежи и ги поттикнувал и своите следбеници на истото злосторство.

Постои сомнеж дека Кристина Кика Ѓукиќ, јутјуберка која беше пронајдена мртва во стан во центарот на Белград, била жртва на сајбер-прогонтво од непознато лице, кое ги објавувало нејзините лични податоци на Интернет и ја демнело.

Сега Богдан ја објави преписката,  а на еден од скриншотите има и видео на кое се гледа дека Ѓукиќ била на инфузија и му вели дека не ѝ се живее и да не ја осудува поради тоа.

Baka Prase

Со солзи во очите, тој признава дека не му е лесно.

– Луѓето ми пишуваат дали сум среќен што сум го постигнал ова. Мислите ли дека не ми е криво за сè? Мислите дека не се чувствувам делумно одговорен? Јас сум тој што ја прозиваше и фала Богу што нејзините пријатели ми се јавија и ми кажаа дека не сум јас виновен и ми набројаа со кои проблеми се соочувала, бидејќи имала свои демони со кои не можела да се избори. Но ова нема врска со интернет насилствоНе велам дека е добро тоа што јас го правев пред 2 години. Кои сме ние ако не грешиме? Немаат право да ме осудуваат. Јас ѝ се извинив, таа рече дека разбира и дека не ми замера, дури ми се заблагодари, бидејќи благодарение на мене дознала кои ѝ се вистински пријатели. Немам проблем некој да ме прозива, но не можам да се носам со тоа некој да ме нарекува убиец. Ќе се дознае причината за нејзиното самоубиство – наведе Богдан.

Back to top button
Close