Бакингемската палата се огласи по изјавата на принцот Хари дека сака да се смири со семејството
Апелациониот суд на Обединетото Кралство ја одби жалбата на принцот Хари, кој се обидуваше да го врати правото на полициска заштита додека е во Британија. Набргу потоа, се огласи и Бакингемската палата со кратко соопштение во кое се вели дека „овие прашања се веќе повеќепати и темелно разгледани од судовите – секогаш со ист исход“.
Крал Чарлс, според извори блиски до семејството, намерно избегнувал да го коментира случајот додека траела судската постапка, бидејќи не сакал да се меша во процес што, според него, припаѓа на правосудниот систем, а не на круната.
Судската битка меѓу Хари и државата започна во 2020 година, кога тој и Меган Маркл се откажаа од обврските како високи членови на кралското семејство и се преселија во САД. Со тоа, Хари го изгуби автоматското право на државна заштита, иако по род е сè уште дел од кралското семејство.
Хари тврдеше дека поради постојаната медиумска изложеност и конкретни закани, неговата безбедност е загрозена и дека одлуката за одземање на заштитата била донесена без негова вклученост и транспарентност.
Судот, сепак, пресуди дека не биле прекршени процедури и дека комитетот што ги носи одлуките за заштита (RAVEC) постапил правилно.
Меган Маркл објави ретка семејна фотографија на Инстаграм од принцот Хари и нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3), во сабота, 3 мај.
Фотографијата беше споделена еден ден откако принцот Хари ја изгуби жалбата за враќање на неговото обезбедување во Велика Британија во петок, 2 мај.
Во интервју за Би-би-си објавено пред пресудата, Хари остро ја критикуваше институцијата, велејќи дека сè изгледа како „старомодна завера на естаблишментот“.
И покрај сè, истакна: „Би сакал да се помирам со моето семејство. Животот е краток. Не знам колку време му останува на татко ми. Не сака да разговара со мене поради овие безбедносни прашања, но би било убаво да се најдеме повторно“.