Балтичките земји договорија влез за Руси само во исклучителни ситуации

Литванија, Летонија и Естонија постигнаа договор за ограничување на влезот на руски државјани кои пристигнуваат на нивните територии од Русија и Белорусија, соопштија денеска нивните министри за надворешни работи.

Трите балтички држави треба да ја воведат забраната до средината на септември. Влезот ќе биде овозможен за оние кои патуваат од хуманитарни или семејни причини, за возачи на камиони и дипломати, рече летонскиот министер Едгарс Ринкевичс.

– Во текот на изминатите неколку недели и месеци,драматично се зголемија преминувањата на руски државјани со шенген визи. Стана прашање на јавна безбедност, но и од морална и политичка природа, додаде тој на прес-конференција во Литванија.

Директните летови меѓу Русија и ЕУ беа откажани по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, оставајќи им на Русите намалени опции за патување во Унијата.

Back to top button
Close