База на американската армија во Џорџија била затворена еден цел поради „опасна закана“
Базата на американската армија во Џорџија „Форт Ајзенхауер“ денеска била затворена на еден час поради, како што се наведува, „опасна закана“.
Оперативниот центар на базата на социјалните мрежи соопшти дека било неопходно итно затворање на базата и преземање соодветни мерки.
Центарот подоцна соопшти дека заканата поминала и оти нормалната работа може да продолжи.
Сепак, базата ги откажа активностите поврзани со фудбалскиот натпревар меѓу војската и морнарицата закажан за денеска во близина на Вашингтон.
Таа база е седиште на кибер командата на Армијата на САД.