Бејта за Гостивар, Теута за тетово…ДУИ ги објави кандидатите за градоначалници
На денешниот состанок на Генералниот совет на ДУИ, по предлог на лидерот Али Ахмети, едногласно била утврдена листата на кандидати за градоначалници на изборите на 17 октомври.

Ејуп Абази – Студеничани
Суат Шаќири – Чашка
Хекуран Дука – Дебар
Еркан Арифи – Липково
Неби Реџепи – Врапчиште
Рамиз Мерко – Струга
Фатмир Изаири – Желино
Бесник Емшиу – Боговиње
Нухи Незири – Теарце
Али Јаоски – Пласница
Аркин Јахии – Брвеница
Блерим Беџети – Сарај
Висар Ганиу – Чаир
Фатмир Дехари – Кичево
Невзат Бејта – Гостивар
Теута Арифи – Тетово
Ридван Ибрахими – Арачиново
Единствено, не е утврден кандидатот за Долнени, кој, како што информираа од ДУИ, ќе го избере Ахмети во следните денови.






