Бебето „чудо“ посвоено од роднини – се вика Афра во спомен на мајка и

Бебето родено под рушевините по земјотресот во Сирија, малата Аја, излезе од болница и пристигна во новиот дом. Посвоена е од страна на семејството на блиски роднини, а името Аја кое и го дадоа докторите и кое значи на арапски – чудо, дар, и го промениле во Афра, во спомен на мајка и, која настрада во земјотресот заедно со останатите четири деца.

Тетинот на Афра кој со семејството ја посвои, Халил Ал Савади, изјави дека таа ќе живее со него, неговата сопруга и нивните четири ќерки и два сина.

-Таа е сега мое дете. Нема да ја делам од моите деца. Ќе ми биде најдрага оти е спомен од нејзините мајка, татко, сестри и браќа – порача Савади.

Додаде дека и неговата сопруга, неколку дена по земјотресот родила ќерка.

Back to top button
Close