БЕГ ги намали сметките за парно за 300 до 500 денари
Сметките за парно од денеска се намалени во согласност со насоките кои пред две недели ги даде Регулаторната комисија за енергетика. Од утрово на граѓаните почнаа да им пристигаат новите сметки по пошта и по електронски пат и може да се забележи дека се разликуваат од претходните за суми меѓу 300 и 500 денари, во зависност од големината на објектот кој се грее и неговата енергетска ефикасност.
Граѓаните кои имале сметки околу 3000 денари за август, сега добиваат нови, коригирани сметки на суми од околу 2500 денари.
Проблемот во БЕГ настана бидејќи Владата не ги исплатила субвенциите за греење по што БЕГ доставија несубвенционирани сметк