Маж ѝ го одгриза увото на таксистка во Атина

Во атинската населба Неа Јонија, 35-годишен маж ѝ го одгриза увото на таксистка, објавија денеска грчките медиуми.
Нападот се случил околу еден час по полноќ во Неа Јонија, а според последните информации, мажот ја нападнал таксистката бидејќи таа немала уред за плаќање со картичка (ПОС-терминал), пренесува порталот Newsit.gr.
Клиентот ја нападнал жената и ѝ го одгриза увото, по што таа била пренесена во болница.
Очевидецот, кој го совладал напаѓачот и ѝ помогнал на жената, го опишал неговото агресивно однесување и навел дека устата му била крвава, врз основа на што заклучил дека тој ја каснал таксистката.
Според очевидците, напаѓачот изгледал „изгубено, како под дејство на дрога“, додека 54-годишната жена била во шок и плачела, не сфаќајќи што се случило.
„Го запревме бидејќи дивееше. Не беше пијан, воопшто не чувствував мирис на алкохол. Но, видов дека е изгубен и дека тетерави. Мислам дека беше под дејство на апчиња. Луѓето што го видоа велеа дека е луд. По нападот, ми рече: ‘Горда ли си на ова, среќна ли си, дали се чувствуваш добро?’, а потоа полицијата го уапси“, изјави повредената.
Очевидецот раскажал дека жената била во шок, дека истрчала и ја преминала улицата, а брзата помош пристигнала по околу 20 минути, додека полицијата дошла во првите десет минути.
Полициските службеници го уапсиле осомничениот и поднеле пријава против него за нанесување тешки телесни повреди, додека таксистката со возило на брзата помош била пренесена во болница, каде што ѝ била укажана помош.
Истрагата е во тек со цел да се утврдат сите околности и мотивот за нападот.






