Бектеши: Од следната недела поевтинуваат и пијалаците

Алкохолните и безалкохолните пијалаци од следната недела ќе се најдат на листата на производи за кои Владата одлучи дека до крајот на ноември ќе се продаваат по „гарантирана цена“, односно по цени кои се за 10 отсто пониски во однос на оние по кои се продвале на 1 август.

За ова преку својот фејсбук-профил денеска информриа министерот за економија Крешник Бектеши.

Во објавата на Фејсбук, министерот пишува дека добил известување од дел од домашните производители на минерална вода, сокои и пиво оти доброволно се приклучуваат кон кампањата „гарантирана цена“.

Согласно тоа, како што вели Бектеши, од следната недела овие производи ќе се продаваат по намалени цени за 10 отсто во однос на цените за кои се продавале на 1 август. „Благодариме на подршката“,додава Бектеши.

Согласно владината одлука, од денеска до 30 ноевмри, по намалени цени ќе се продаваат прехранбени протизводи од вкупно 24 категории. Меѓу останатото, по поевтини цени граѓаните ќе може да набават леб, млеко, јогурт, сирење, мелено месо, пилешко месо, тестенини, овошје, зеленчук.

Бектеши го објави списокот на производи што ќе поевтинат

Откако го презентираше списокот на производи кои ќе се продаваат по пониски цени, министерот за економија Крешник Бектеши на вчерашната прес-конференција кажа дека ваквото ограничување на цените очекува да ја намали целокупната инфлација во делот на храната за четири до пет отсто до крајот на ноември.

Со „гарантираните цени“ на производите, Бектеши очекува намалување на инфлацијата на храната за пет отсто до крајот на ноември

Back to top button
Close