Бектеши: Утврдени се неправилности при увозот на мазут, вратени се неколку цистерни

Утре е крајниот рок кој го имаат надлежните институции да достават податоци од вонредните контроли за увоз на сомнителен мазут во земјава

При проверки на стандардите за увоз на мазут во последниве две недели се пронајдени неправилности кај три компании и веќе неколку цистерни се со мазут се вратени од страна на Царинската управа, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој за Телма рече дека неправилностите што биле утврдени не се однесуваат на сулфурот туку на други параметри согласно стандардите.

Back to top button
Close