Белата куќа: Воената ескалација не е во интерес на Израел

Воената ескалација не е во интерес на Израел, предупреди денеска портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, по неколкудневните ескалации на тензиите на Блискиот Исток.

-Ние не мислиме дека ескалацијата на овој воен конфликт е во нивен интерес, рече тој на телевизијата Еј-Би-Си, уверувајќи дека САД го споделуваат тој став директно со своите израелски партнери.

Портпаролот рече дека се уште постои „можност“ за „дипломатско решение“ на конфликтот. „Тоа е она на што работиме“, додаде тој, без да наведе детали.

Оваа ескалација „секако не е во интерес на сите оние луѓе кои премиерот Нетанјаху вели дека сака да ги врати дома“, предупреди портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

-Европската унија е „крајно загрижена“ од ескалацијата на ситуацијата во Либан по последните смртоносни напади и повикува на „итен“ прекин на огнот. Еропската унија е крајно загрижена од ескалацијата во Либан по петочните напади во Бејрут, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Тој повика на „прекин на огнот долж Сината линија, како и во Газа“. Сината линија ги одвои либанските вооружени сили од оние на Израел од 2000 година.

-Цивилното население плаќа висока цена бидејќи денеска продолжуваат „жестоките борби“ и во Израел и во Либан, додаде претставникот на ЕУ.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами исто така повика на „итен прекин на огнот“ меѓу Израел и Хезболах, соочен со „загрижувачка ескалација“ на ситуацијата.

-Во последните денови видовме загрижувачка ескалација меѓу Израел и либанската група Хезболах. Нашата порака до сите страни е јасна: потребен е итен прекин на огнот за да се постигне политичко решение, рече Дејвид Лами на конференцијата на Лабуристичката партија во Ливерпул.

Back to top button
Close