Белоруската опозиционерка во егзил, Светлана Тихановскаја, во отсуство осудена на 15 години затвор


Белорускиот суд во отсуство ја осуди лидерката на опозицијата во егзил, Светлана Тихановскаја, на 15 години затвор, соопшти денеска државната агенција Белта.

На Тихановскаја во јануари годинава и беше судено во отсуство под обвинение за предавство, а нејзините поддржувачи ги отфрлија обвиненијата како „бесмислени и фарсични“.

Британските медиуми потсетуваат дека Тихановскаја побегна од Белорусија откако се кандидираше на претседателските избори во 2020 година, кога главен конкурент и беше подоцнежниот победник Александар Лукашенко.

Тогашните избори беа проследени со масовни протести, откако опозицијата го обвини Лукашенко за изборна измама, што тој го демантираше

Back to top button
Close