Бернардо Силва му кажа на агентот дека сака да игра за Барселона

 Фудбалерот од средниот ред Бернардо Силва е подготвен да го напушти Манчестер сити за да замине во Барселона. За неговата желба тој веќе ги известил Хорхе Мендеш, неговиот агент, како и тренерот Хосеп Гвардиола.

Според „Sport.es“, Манчестер сити за 27-годишниот Португалец ќе бара 85-95 милиони евра.

Се истакнува дека каталонскиот клуб е свесен дека зделката тешко ќе се заврши. Во моментов Барселона верува дека нема да може да го ангажира играчот од средниот ред.

Бернардо минатата сезона постигна 13 гола и имаше седум асистенции на 50 настапи за Манчестер сити во сите натпреварувања. Неговиот договор со англискиот клуб е до 30 јуни 2027 година.

„Трансфермаркт“ го цени Бернардо Силва на 80 милиони евра

Back to top button
Close