Беса ќе гласа против уставните измени ако не се замени формулацијата 20 отсто
Движењето Беса ќе гласа против вклучувањето на Бугарите во Уставот ако формулацијата 20% не се замени со албански јазик. Потпретседателот на Беса, Фатмир Лимани во емисијата „200“ на Алсат, рече дека Беса не е против вклучување на Бугарите во Уставот, но инсистираат да се прифати нивниот амандман.
-Ние не сме против вклучување на Бугарите во Уставот. Ние не сме против вклучувањето на секоја заедница во Уставот. Но ние сме против тоа Албанците да се претстават како 20%. Албанците со преамбулата договорена со Охридскиот договор се државотворен народ. И во случај да не се брише 20% како дефиниција внатре во Уставот, Беса ќе гласа против. Ова не е условување“, рече Фатмир Лимани, потпретседател на Беса во емисијата “200„ на Алсат.
Лимани рече дека Беса не условува затоа што сите партии се согласни да се брише 20% од Уставот. Според него, претседателот на ВМРО, Мицковски не е против бришење на 20%.