Беса: Го удвоивме бројот на мандати

Успеавме да го удвоиме бројот на мандати на овие избори и во Собранието ќе имаме четири пратеници. Коалицијата „Можеме“ ја направи разликата и ја обезбеди победата, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа

изјави Хоџа.

Во своето обраќање, Хоџа истакна дека завршиле еден предизвикувачки изборен процес и ја направиле вистинската одлука со тоа што партијата застанала на „вистинската страна“.

„Несомнено, мандатот на СДСМ и Движењето Беса ќе биде владин мандат во наредните четири години, а целата наша заложба ќе биде насочена кон продолжување на патот на интеграција на земјата во Европска унија и одржување на прозападната орентација на земјата потпирајќи се на нашите сојузници како САД и земјите членки на ЕУ“,

Во своето обраќање, Хоџа истакна дека завршиле еден предизвикувачки изборен процес и ја направиле вистинската одлука со тоа што партијата застанала на „вистинската страна“.

„Некогаш бројките и победата не се важни, но важно е да се биде на вистинската страна. Движењето Беса на овие избои ги има и бројките и победата и е токму таму каде што сакаат мнозинството граѓани – во опцијата што гарантира пат за инреграција во ЕУ, економски разој и градење на рамноправна држава за сите врз основа на партнерство меѓу Албанците, Македонците и сите други етнички заедници“,рече Хоџа.

На новинарско прашање во врска со тоа која партија од албанскиот блок ќе биде поприфатлива за коалициски партнер, Хоџа рече дека очекуваат да го видат финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесат длуки.

„Очекуваме да заврши броењето на гласовите. Во овој момент не сакаме да прејудицираме. Остануваме на тоа да го видиме финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесеме и одлуки“,рече Хоџа.

Back to top button
Close