Беше заклучено и дека е направен напредок кон подобра заштита на новинар(к)ите со последните имени на Кривичниот законик. Со нив, обвинителството доби право да покренува кривични постапки во име на претставниците на седмата сила, со што ги ослободува од товарот за поведување на приватна кривична постапка

Безбедност на новинарите, заштита на слободата на изразување, менување на амбиентот функционерите да поднесуваат тужби против новинари. Ова се само неколку од препораките произлезени од денешната дискусија насловена „Поддршка за новинарскиот интегритет: заштита на новинар(к)ите и медиумските актери во Северна Македонија“, во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“ во организација канцеларијата на Советот на Европа во Скопје и ЗНМ.

Според Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, слободата на изразување и заштитата на новинарите се носечки столбови на секое демократско општество, а со тоа се обезбедува информиран јавен дискурс.

„Слободата на изразување и заштитата на новинарите се носечки столбови на секое демократско општество. Преку поддржување на овие принципи се креира енергичен и разновиден медиумски сектор, што е клучно за информиран јавен дискурс. Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје е посветена на зачувување на слободата на изразување и безбедноста на новинарите преку проектот во рамките на „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ – ПРО-ФРЕКС,рече тој.

Една од главните точки на дискусијата се стратешките тужби против учество на јавноста, кои функционерите најчесто ги користат да вршат притисок врз новинарите. Според учесниците во дискусијата, подобрувањето на националната легислатива треба да даде мерки против ваквите тужби.

Алина Татаренко, раководителка на Оддел за соработка и градење капацитети на тема слобода на изразување при Советот на Европа, ја нагласи важноста на слободата на израз и на безбедноста на новинарите, бидејќи, како што рече, тие се еден од најважните принципи за демократија.

 

„Многу е важно за нас, бидејќи демократијата, човековите права и владеењето на правото се главните вредности на Советот на Европа. Изминатата година имавме Самит на кој беше потпишана Декларација со основните принципи на демократија каде што слободата на изразување беше еден од главните принципи. Го имаме и Членот 10 од Европската конвенција за човекови права која сега ги заштитува слободата на израз. Исто така, новинарите мора да бидат заштитени. Должност на Владата е да осигура дека новинарите може да ја вршат својата работа, бидејќи без нив немаме демократија“изјави таа.

Во своето обраќање пак, извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски, потенцираше дека денешниот настан е важен од причина што претставува доказ оти важните политички организации кои што посветуваат внимание на безбедноста на новинарите даваат фокус на една важна тема за правата на новинарите.

„Правните битки со кои се соочуваат новинарите во Северна Македонија се во пораст. Истите не се однесуваат на барањето на правдата туку се користат како алатки за заплашување и ментално и финансиско истоштување на новинарите. Ваквите тужби, познати како SLAPPs сериозно нè загрижуваат“,потенцираше Секуловски на дискусијата.

Според Секуловски, тужбите кон новинарите говорат дека се нема толеранција кога станува збор за критика искажана во јавниот етер и затоа треба да се менува на менталитетот на оние што ги поднесуваат тие тужби.

Имплементацијата на европските препораки и стандарди на локално ниво исто така беше тема на дискусија, па учесниците зборуваа и за иницијатива да се воведе Национален акциски план за заштита и безбедност на новинарите. Беше заклучено и дека е направен напредок кон подобра заштита на новинар(к)ите со последните имени на Кривичниот законик. Со нив, обвинителството доби право да покренува кривични постапки во име на претставниците на седмата сила, со што ги ослободува од товарот за поведување на приватна кривична постапка

Back to top button
Close