Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо. Потврди и министерот Лога.

Извори од Министерството за правда за Телма потврдија дека турските власти ја одобриле екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо осомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Информацијата дека есктрадицијата е одобрена била доставена денеска.

Пред малку на фб се огласи и министерот за правда КРЕНАР ЛОГА.

На Фејсбук статус Лога напиша:

„Ве информирам дека денеска со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“, напиша министерот.

За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

Back to top button
Close