Без вода дел од селата Орман и Никиштани
Без вода денеска од 11:45 часот се дел од жителите на селата Орман и Никиштани во Општина Ѓорче Петров.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф-100 милиметри на улица „1“ број 4 во село Орман.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.