БиХ: Агенциите проверуваат дали вахабистите биле обучувани во касарната во близина на Мостар


Државната полициска агенција за истраги и заштита (СИПА) и Агенцијата за разузнавачка безбедност (ОСА) на Босна и Херцеговина ги проверуваат наводите дека вахабистички членови и малолетни девојчиња вршеле обука за гаѓање на стрелиште во касарна на Вооружените сили на БиХ во близина на Мостар.

– Сè уште ги чекаме извештаите на СИПА и ОСА. Командниот систем во вооружените сили на БиХ веќе поведе постапки за утврдување на фактите и околностите, како и повреди на безбедноста на локацијата, по информации во медиумите дека лица поврзани со вахабистичкото движење вежбале пукање на воениот полигон во близина на Мостар, а меѓу нив имало и четири малолетни жени, изјави заменик министерот за одбрана на БиХ.

Информацијата дека стрелиштето во касарната Миралем Југо, дел од вооружените сили на БиХ кај Мостар, го користеле припадници на вахабистичкото движење први ја објавија локалните медиуми. Тие објавија и фотографија на која се гледаат четири жени, облечени според исламските правила, и мажи пукаат со пиштоли кон мети

Back to top button
Close