Билстром: Разговорите со Турција за членството во НАТО одат во позитивна насока
Шведска ќе го продолжи дијалогот со Турција со цел да се надминат забелешките од Анкара, а во врска со барањето на земјата за прием во НАТО, соопшти денеска министерот за надворешни работи на државата, Тобијас Билстром.

– Сметам дека разговорите одат во многу позитивна насока, истакна Билстром пред новинарите во Берлин, по средбата со германската колешка Аналена Бербок.
Според Билстром, разговорите ќе продолжат на сите нивоа и тој наскоро ќе отиде во Анкара, додека тие меѓу властите на Шведска, Турција и на Финска, земја што исто така побара членство, ќе се одвиваат паралелно.
Турција го услови влезот на нордиските земји во НАТО со екстрадиција на лица кои нашле засолниште во нив, а Анкара ги смета за терористи.
Од 30 земји членки на НАТО, освен Турција, членството на Шведска и на Финска не е ратификувано и од Унгарија.
Унгарскиот Парламент есенва ќе дебатира за ратификација на членството на нордиските земји во НАТО, откако ќе бидат усвоени низа закони на Европската Унија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.






