Битиќи го демантира Николоски: Не е точно дека сум контактирал со Онишченко
Не се точни тврдењата, велат кратко од Кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи во изјава за Телма откако синоќа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за „360 степени“, изјави дека постојат кредибилни информации или гласини дека еден од министрите во владата, поточно потпретседател на влада – вицепремиер задолжен за економски прашања, се обидувал да исконтактира со Олександар Онишченко и да прави економски аранжмани со него.
АНБ е обезглавена, нема нов директор, а 16 месеци ни внатрешна контрола, вели Николоски
Како што посочи Николоски, одговорност за давањето македонски пасош на Онишченко, кој е на црната листа на САД, мора да има и од АНБ, но и од министерот за внатрешни работи и од премиерот.
„Мислам дека и премиерот треба да понесе одговорност овде. Не е досега излезено во јавност, да го пласирам, постојат кредибилни информации или гласини дека еден од министрите во владата, да бидам попрецизен, потпретседател на влада – вицепремиер задолжен за економски прашања, се обидувал да исконтактира со ова лице и да прави економски аранжмани со него. Не е тоа само дека некојси што јавал на коњ, дошол во Македонија и зел државјанство за да настапува на Олимпијада, туку се работи за многу подлабок случај“рече Николоски.
Според него, АНБ е обезглавена поради внатрешни превирања во СДСМ, а доколку имало соодветна внатрешна контрола веројатно немало да се случи скандалот со издавањето државјанство на Онишченко, а ако се случел – бргу ќе се спровела истрага и ќе се утврдела одговорност.
Премиерот Ковачевски денеска ја повика собраниската Комисија за надзор на работата над Агенцијата за национална безбедност (АНБ) конечно да заседава за случајот „Онишченко“, а Министерството за внатрешни работи што побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа како се случи затворена седница на парламентарна Комисија да биде пренесувана во живо.
Премиерот Ковачевски повика Комисијата за надзор над АНБ да заседава за случајот „Онишченко“
Владата на затворена седница донесе заклучок со кој ги задолжи релевантните институции во државата да почнат активности за одземање на доделеното државјанство на Олександер Онишченко