Благоевград го забрани отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“,

Советот на Општина Благоевград го забрани отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет.

„Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации“, се вели во образложението на декларацијата изгласан од Советот на овој бугарски град.

Од македонска страна, засега, реакција пристигна единствено од Јована Мојсоска од Левица.

„Благоевград усвоил декларација со која се спротивставува на отворање на клубот кој го носи името на Никола Вапцаров. Додека ги глорифицира фашистичките крвници Ванчо Михајлов, на Бугарија ѝ пречи Вапцаров кој бил поетски великан и социјалист (стрелан од фашистичката влада). Анти-македонската политика на Бугарија е сведена на анти-социјализам“, објави Мојсоска на социјалните мрежи.

фОТО: ФОКУС

Back to top button
Close