Блинкен: Дополнителна воена помош за Украина за одбрана и силна позиција на преговарачката маса

САД доделуваат дополнителни 400 милиони долари воена помош за Украина „за одбрана од немилосрдните напади на Кремљ врз критичната енергетска инфраструктура на земјата”, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.
Оттаму наведија дека помошта продолжува за Украина да се брани и да има најсилно возможна позиција на идната преговарачка маса за окончување на војната во земјата започната од Кремљ.
-Под надлежност на претседателот, ја одобрувам нашата 26. транша на оружје и опрема на САД за Украина што се доделуваат од август 2021, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен.
Оваа транша вклучува дополнително оружје, муниција и опрема за одбрана од воздушни напади а доаѓа од резервите на Министерството за одбрана на САД. Досега, вкупна помош за Украина доделена од оваа Администрација изнесува отприлика 19.7 милијарди долари.
-САД со повеќе од 40 земји и партнери го подржуваат народот на Украина во нивната борба за одбрана на слободата и независноста што ја водат со исклучителна храброст и безгранична одлучност, рече Блинкен.
Од Стејт департментот наведуват и дека Франција, Велика Британија и Шведска учествуваат со помош вредна стотици милиони долари. Лондон вети 50 милиони фунти за одбрана од воздушни напади, додека сличната помош на Шведска изнесува 300 милиони долари.
-Ќе продолжиме да ја подржуваме Украина околку што е потребно за да продолжи да се брани и да биде во најсилно можна позиција на преговарачката маса кога ќе дојде време за тоа, истакна тој.






