Блинкен ги повика Вашингтон и Пекинг на „одговорно“ управување со разликите

– Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ги повика САД и Кина „одговорно“ да управуваат со нивните разлики, на почетокот на неговата втора посета на земјата за помалку од една година.

-Имаме обврска кон нашиот народ – и всушност кон светот – одговорно да управуваме со односите меѓу нашите две земји, рече Блинкен во Шангај, пренесе Хина.

Шефот на американската дипломатија вчера во Шангај се сретна со локалниот лидер на кинеската Комунистичка партија (ККП), при што за време на разговорите кажа дека американскиот претседател Џо Бајден е посветен на воспоставување „директен и одржлив“ дијалог меѓу двете земји.

-Мислам дека е важно да се нагласи вредноста – дури и неопходноста – од директен ангажман, да разговараме едни со други, да зборуваме за нашите разлики, кои се реални и да се обидуваме да ги надминеме, рече Блинкен.

Секретарот на Шангајскиот комитет на ККП, Чен Џининг, од своја страна, инсистираше на важноста на американските компании во локалната економија.

Блинкен потоа се сретна со студентите на Универзитетот Њујорк во Шангај, каде што кажа дека се надева дека повеќе Американци ќе студираат во Кина, додавајќи дека американските универзитети се подготвени да ги пречекаат кинеските студенти.

Од своја страна, Пекинг ги осуди жестоките испрашувања на кои се подложени некои негови граѓани, вклучително и студенти, по пристигнувањето на американска територија, иако поседуваат валидни документи.

-Претседателот Бајден и претседателот Си се решени да ги зајакнат нашите врски меѓу луѓето, рече Блинкен.

Back to top button
Close