Блиска личност на убиената Taнкица: Немаше да умре ако полицијата ја сфатеше сериозно
Утрово околу шест часот Танкица беше убиена со над 40 убоди од нож пред нејзината куќа, од страна на нејзиниот сограѓанин Усеин Р. (59).
Околу тоа што точно се случувало, нашиот извор вели дека се започнало пред повеќе од седум години, кога Танкица и Усеин еден период заедно работеле во конфекција, таа како шивачка, тој како пеглач.
-Во тој период на осаменост, не знам како се случило, таа имала контакт со него, не беше тоа ниту љубовна, ниту пак сексуална врска, и Усеин направил компромитирачка фотографија од неа. Значи, фотографијата не беше толку скандалозна, но Танкица беше скромна и мирна жена, се исплаши како ќе реагираат нејзините деца ако фотографијата заврши во јавност, како ќе реагира мајка и…
Во овие изминати години не знам колку пари му дала за да не ја објави фотографијата, но знам дека подигна кредит за да го исплати. Тој не запре, бараше уште, ја принудуваше да подигне нов кредит – вели нашиот извор.
Проблемите на Танкица со Усеин се зголемиле откако таа започнала врска со маж со кого имала убав и среден живот. Усеин знаел дека партнерот на Танкица не знае ништо за фотографијата, па уште повеќе почнал да и се заканува, дека ако не му дава пари, ќе му ја покаже, и ќе и ја уништи врската.
…