Близнаци родени 30 години откако биле замрзнати како ембриони, растат сосем нормално

Близнаците Тимоти и Лидија Риџвеј, родени 30 години откако биле замрзнати како ембриони во април 1992 година, растат и се развиваат како сосем нормални бебиња.

Тие го држат рекордот за најдолго замрзнати ембриони за кои се знае дека се родиле и растат живи и здрави по вештачко оплодување, иако биле складирани во течен азот заедно со илјадници други ембриони. Зачуваните ембриони се замрзнати пред 31 година во Националниот центар за дарување ембриони во САД, а мајка им Рејчел Риџвеј, која инаку има шест деца, овојпат (иако само технички) е само три години постара од новороденчињата.

Родителите имаат намера на близнаците да им ја раскажат приказната за нивното зачнување кога ќе пораснат.

– Ќе се погрижиме нивното посвојување да биде дел од нивната животна приказна. Сакаме тоа да биде нормален дел од нивниот живот, истакна Рејчел.

Таа рече дека тие ќе знаат дека се посвоени и оти тоа ги прави посебни, за човековата историја воопшто.

Back to top button
Close