Блокиран преминот Мердаре од правец Куршумлија кон Подуево- луѓе со српски знамиња поставија барикади

Група од 20 лица го блокираа преминот Мердаре од правец Куршумлија кон Подуево, јавува РТС.

Поставени се камион со приколка и трактори за да ги поддржат Србите кон Косово.

Тие најавија дека ќе останат до понатамошно известување и изразија надеж дека ќе ги поддржат и ќе се приклучат на протестот.

Во меѓувреме српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва направил  обиколка на единиците на Војската на Србија стационирани меѓу Краљево и Рашка.

„Некаде помеѓу Краљево и Рашка. Завршивме обиколка на некои единици на нашата армија, нашите херои и отидов на средба со претставници на Србите од Косово. Верувам во правдата и правото, но повеќе од се во српската мудрост, но и силата. и решителност.Да живее слободна Србија!“, порача претседателот на Србија на својот Инстаграм профил.

Србите од северот на Косово 18-ти ден се на барикадите. Тие велат дека ќе бидат отстранети кога Приштина ќе ги ослободи Дејан Пантиќ, Миљан Аџиќ и Слаѓан Трајковиќ и кога специјалните полициски сили ќе бидат повлечени од север.

Нови барикади во текот на ноќта се поставени во северниот дел на Митровица, како и на новиот мост кој води од северниот дел на Митровица до главниот пат Митровица-Рашка.

Патријархот на СПЦ Порфирије по разговорот со претседателот на Србија Александар Вучиќ побара мирот да се зачува по секоја цена.

Back to top button
Close