БНТ: Наследниците на Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград да го носи неговото име


Секогаш сме тврделе дека сме Бугари бидејќи сме родени од мајка Бугарка и татко Бугарин, вели внукот на Вапцаров
Наследниците на Никола Вапцаров не се согласуваат македонскиот клуб во Благоевград, кој треба да се отвори на 30 октомври, да го носи неговото име, пишува Бугарската национална телевизија (БНT).

„Тврдењата што ги имаат браќата од Северна Македонија не се оправдани бидејќи сите документи што ги имаме и нашата самосвест и чувство дека ние неговите роднини – јас како внук, сестра ми како внука и татко ми како брат, секогаш сме тврделе дека сме Бугари бидејќи сме родени од мајка Бугарка и татко Бугарин. А, во прашалникот на Вапцаров јасно пишуваше дека е од бугарско потекло и со бугарска националност“,

вели Никола Вапцаров, внук на познатиот поет.
БНТ во текстот пренесува и изјави од иницијаторите за отворањето на македонскиот клуб наведувајќи дека нивната главна цел е тој да биде културен мост меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Ние се чувствуваме Македонци и сакаме да формираме, преку нашите идеи и иницијативи, нов културен простор за интеракција меѓу бугарската и македонската држава, меѓу бугарскиот и македонскиот народ. Нашата друга цел е Бугарија конечно да го признае постоењето на македонското малцинство, што е аномалија без преседан во Европа“,
вели Атанас Мазнев, еден од иницијаторите, кој вели и дека Вапцаров бил дел од македонскиот културен круг.
Советот на Општина Благоевград, пак, претходно остро се спротивстави на отворањето на клубот и советниците изгласаа декларација со која македонскиот клуб го нарекоа антибугарска провокација. Меѓутоа, клубот се наоѓа на приватен имот и не е потребна дозвола од локалната власт.

На отворањето што треба да се случи во недела, нема да присуствува премиерот Димитар Ковачевски, како ниту претставници на бугарската влада иако добиле покани. Присуство најави, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Back to top button
Close