Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази наградени со надржавната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година
Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски”, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ” бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 21.10.2024 година, донесе одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” за 2024 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија
- Во областа на воспитанието и образованието, наградата ѝ се доделува на:
– проф. д-р Маја Бојаџиевска, универзитетски професор.
- 2. Во областа на културата и уметноста,наградатаим се доделува на:
– Милован Стефановски, писател
– Мирослав Масин, сликар
– Рефет Абази, актер.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2024 година (недела) во 12 часот во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.