Boksy.mk – Првата детска апликација за читање и слушање над 200 книги во Македонија!
Мобилната апликација е веќе достапна и може да се преземе од App Store & Play Store. Таа е компатибилна за мобилен телефон и таблет. Корисниците ќе може да се претплатат и за 199 денари месечно да уживаат во дигиталната библиотека и игри
Паметните телефони инспирираат многубројни паметни идеи и иновации. Овој пат иницираа светогледот на децата да стане побогат со специјализирана апликација за читање и слушање книги „Бокси“. Или во превод, децата ќе добијат онлајн лична библиотека на дланка. Еден клик ќе ги спојува со еден магичен книжевен фонд.
Фредерик Даглас своевремено изјавил: „Кога еднаш ќе научите да читате, засекогаш ќе бидете слободни.“
„Бокси“ ви дава слобода да летате и да прелетувате од еден микросвет во друг, и да ја искусите магијата на книгата. Со „Бокси“ добивате билет со мегапопуст до секаде.
– Апликацијата е за дечиња од 3 до 16 години. Ги имаме најновите и најбарани наслови на пазарот, но исто така може да се пофалиме и со безвремени класици како „Мумин“ и „Малиот принц“. Значи, може да се каже дека апликацијата е наменета за сите возрасти, од 3 до 103. Книгите се од речиси сите издавачки куќи во Македонија и функционираме со месечна претплата од 199 денари. За тие 199 денари, корисниците имаат пристап до апликацијата и може да ги читаат сите наслови. Моментално нашата библиотека брои над 200 книги, што би значело дека корисниците добиваат книги за помалку од еден денар. Допрва ќе ја надградуваме библиотеката со нови изданија, аудиокниги и квизови – споделуваат творците на „Бокси“.