Борел: ЕУ собира докази за продажба на ирански дронови на Русија

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека ЕУ собира докази дека Иран наводно и продава беспилотни летала на Русија и ќе одговори доколку се докаже дека обвинувањата се вистинити.

„Многу внимателно ја следиме оваа употреба на беспилотни летала. Собираме докази и ќе бидеме подготвени да реагираме со сите средства што ни стојат на располагање“, рече Борел.

Тој ја даде изјавата по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, со кој претседаваше. На состанокот беше одлучено ЕУ да воведе санкции за ирански официјални лица кои се сметаат за одговорни за насилничко однесување кон учесниците во антивладините демонстрации во Иран.

Back to top button
Close