БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

Кривична пријава е поднесена против Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, поради зборовите кои ги употреби за геноцидот во Сребреница.

 

Политичката партија Бошњачки демократски сојуз (БДС) и Бошњачки национален совет (БНС) денеска поднесоа кривична пријава против Иван Стоилковиќ, за негирање и исмејување со геноцидот во Сребреница.

Пријавата е во врска со изјавата на Стоилковиќ, по одлуката на Министерството за надворешни работи за коспонзорирање на Резолуција на Обединетите Нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница, при што, како што наведуваат, геноцидот го нарекол „некрофилски дизниленд“. Велат дека ваквиот говор на омраза е недозволен.

Тие дополнуваат дека кривичната пријава ја поднеле за кривично дело „одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“.

 

 

„Нарекувајќи го најголемото страдање на човештвото после Втората светска војна со терминот „некрофилски дизниленд“, каде што некрофилија означува сексуално задоволување со мртви луѓе, а дизниленд е најголемиот детски парк во светот и поим за детска забава, останува заклучокот дека Стоилковиќ геноцидот во Сребреница го доживува како сексуално задоволување врз мртвите деца и исмејување со страдањето кое овој народ го доживеал“, се вели во нивното соопштение.

Оттаму дополнуваат дека пријавениот поттикнува омраза кај припадниците на албанскиот народ во контекст дека истите издејствувале Министерството за надворешни работи да донесе ваква одлука, што за резултат има разорување на етнички страсти.

Се надеваат дека Стоиљковиќ ќе биде санкциониран, а ова ќе биде опомена и за други да не изразуваат такви ставови.

 

Back to top button
Close