Брачен пар во Турција си го пронајде бебето на кое му ја загубиле трагата по земјотресот

По земјотресот што ја погоди Турција, Нергис и Чумали Бакајли ја изгубиле секоја трага на нивното шестмесечно бебе, кое е родено предвреме.
По многудневна тага и вознемиреност, турската двојка доживеала олеснување кога тие дознале дека детето е живо и здраво, пишуваат турските медиуми.

Бебето на Нергис и Чумали Бакајли се лекувало во болница во Караманмарас поради крварење во мозокот по предвремено породување. Откако земјотресите ја оштетија оваа болница, бебето прво било префрлено во градската болница во Мерсин, а потоа во болницата на медицинскиот факултет на Универзитетот Селчук.

Вработените во болницата во Селчук ги контактирале родителите и рекле дека бебето е со нив, живо и здраво.

Back to top button
Close