Бразилецот Ренатињо нов фудбалер на Тиквеш

Македонскиот фудбалски прволигаш ГФК Тиквеш ги засили денеска своите редови со Бразилецот Жоао Габриел Фереира Сантос – Ренатињо.
Млад, технички квалитетен и гладен за успех, тој доаѓа во Кавадарци за да биде дел од новото поглавје на ГФК Тиквеш. Веруваме дека со својата енергија, талент и посветеност ќе придонесе за успесите што ги градиме заедно“, соопшти прволигашот од Кавадарци.
Ренатињо е најновото летно засилување во кавадаречкиот прволигаш, кој имаше успешен старт на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Тиквеш во воведното коло извојува убедлива победа на домашен терен од 5-1 над Арсими.






