Брејвик ја тужи Норвешка за „кршење на човековите права“

Норвешкиот десничарски екстремист Андерс Брејвик, кој уби 77 луѓе во 2011 година, утре по втор пат ќе се обиде да ја тужи норвешката држава за наводно кршење на човековите права.

Брејвик тврди дека неговиот престој во самица од 2012 година е кршење на Европската конвенција за човекови права, иако има пристап до простор на два ката со кујна, трпезарија, теретана, телевизија и видео игри.

Адвокатот Ејштајн Сторвик изјави дека неговиот клиент Брејвик нема можност за контакт со ниту едно лице од надворешниот свет, а му забрането му е и да испраќа писма.

Брејвик побарал помилување во 2022 година, но било заклучено дека нема знаци на негова рехабилитација, пренесува АП.

Судот го осуди Брејвик на максимална казна од 21 година затвор, со одредба дека може да помине неопределено време зад решетки доколку се оцени дека е опасен за општеството.

Брејвик не покажа каење за злосторството кое го претстави како крстоносна војна против мултикултурализмот во Норвешка.

Back to top button
Close