Бремена жена спасена по 40 часа поминати под урнатините во Хатај

Спасена бремена жена по 40 часа поминати под урнатините во Хатај

Спасувачките екипи од под рушевините во Хатај спасиле жена во деветиот месец од бременоста по 40 часа од разорниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија.

Нехир Илкова останала заробена под урнатините на зградата која се срушила, а таа била спасена од спасувачите кои ги испратила инстанбулската општина Умраније.

Во земјотресот, според последните информации, животот го загубија најмалку 7.200 лица

Back to top button
Close