Британија предупредува: Навивачите од Катар се враќаат со “грип од камила“ – опасност од ширење на нов вирус

Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги предупреди лекарите да бидат внимателни кога станува збор за навивачите кои се враќаат од Светското првенство и покажуваат знаци на болест.

Фудбалските фанови кои се враќаат од Катар се советуваат да ги следат симптомите на „грип од камила“, потенцијално смртоносна респираторна инфекција чии симптоми вклучуваат треска, кашлица и повраќање.

Блискоисточниот акутен респираторен синдром (МЕРС) може да се добие преку контакт со камили, објавија британските здравствени власти.

Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги предупреди лекарите да бидат внимателни кога се во прашање навивачите кои се враќаат од Светското првенство, а кои покажуваат знаци на болест, пишува Тајмс, пренесува Дејли Мејл.

МЕРС може да се добие преку близок контакт со камили или со консумирање производи од камили, на пр. непастеризирано млеко од камила.

Други фактори на ризик се близок контакт со заразено лице. Наводно, многу навивачи кои присуствувале на Светското првенство уживале во јавањето камили во Катар.

Во ОК до денес се пријавени пет случаи на МЕРС, а последната појава се случила во август 2018 година.

Рутинските упатства беа издадени од Агенцијата за здравствена безбедност на ОК минатиот месец, а сè уште не се пријавени нови случаи.

Болеста првпат е регистрирана во 2012 година и оттогаш има 2.600 случаи ширум светот, најмногу на Арапскиот Полуостров, соопшти СЗО.

Повеќе од една третина од заразените починале како последица на болеста, а два случаи се регистрирани во Катар.

Симптоми на болеста се треска, кашлица и повраќање.

На сите што се враќаат во Британија со симптоми на МЕРС, кои се како настинка или грип, му е кажано да побараат лекарски совет и да ја споделат својата историја на патување, за да може да се спроведе контрола на инфекција и тестирање.

Не постои специфичен третман за болеста, па лекарите работат на ублажување на симптомите кај пациентите. Околу 35 проценти од заразените со МЕРС умираат како последица на болеста, велат експертите.

Back to top button
Close