Британските адвокати стапуваат во штрајк на неодредено време

 

Британските адвокати вклучени во кривични процеси одлучија од наредниот месец да штрајкуваат на неодредено време поради спорот околу државното финансирање, соопшти денеска Кривичниот адвокатски сојуз (ЦБА), заканувајќи се со натамошни прекини на судските постапки.

Адвокатите во Англија и Велс со месеци наназад одбиват да преземат нови случаи или да преземаат случаи од преоптоварени колеги.

Од Сојузот соопштуваат дека 80 отсто од членовите со право на глас ја поддржале иницијативата за штрајк.

Тие најавија дека ќе ја прекинат работата на неодредено време од 5 септември, кога во Британија треба да биде објавен наследникот на Борис Џонсон на премиерската функција

Back to top button
Close