Британско разузнавање: Бегството од Херсон многу ќе го наруши имиџот на Русија

Министерството за одбрана на Велика Британија утрово објави нов извештај од своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина. Во него тие наведуваат дека руските сили „најверојатно почнале да се повлекуваат од градот Херсон на 22 октомври“ и дека „руската војска веројатно ги уништила мостовите на реката Днепар при нивното повлекување“.

Во извештајот се потсетува дека руското Министерство за одбрана вчера објавило дека повлекувањето од Херсон е завршено.

Руските сили многу веројатно ги уништиле патните и железничките мостови на реката Днепар за време на нивното повлекување. Завршувањето на повлекувањето беше објавено само два дена откако е најавено. Веројатно е дека повлекувањето започнало уште на 22 октомври, кога проруските челници на Херсон ги повикаа цивилите да се евакуираат, се додава во извештајот.

Постои реална можност руските војници облечени како цивили да се евакуирале заедно со 80.000 цивили евакуирани во последните недели, тврдат британските разузнавачи, додавајќи дека повлекувањето од Херсон „значително ќе го наруши имиџот на Русија“.

Back to top button
Close