Британско разузнавање: Поранешен офицер на ФСБ стана отворен критичар на начинот на кој Русите ја водат војната

 Британското Министерство за одбрана го објави најновиот разузнавачки извештај за војната во Украина.

Во својот извештај, Министерството наведува дека од руската инвазија на земјата, Игор Гиркин, руски тврдокорен и поранешен офицер на ФСБ (Федерална служба за безбедност )и министер во самопрогласената Народна Република Доњецк, станал „сè поостар критичар на руското постапување во војната. “

Овој месец, Гиркин објави „критика во која се восхитува на однесувањето на украинскиот претседател Зеленски за време на војната“, се вели во извештајот.

Тој ја спореди со ситуацијата во Русија каде, како што вели, „на крајот на шестиот месец од војната, како и досега, Русите одржуваат тенковски биатлон и фестивали на воени бендови“.

Британците наведуваат дека „значаен дел од руската војска веројатно верува дека е несоодветно и натаму да се ангажираат силите на воени церемонијални настани во мирнодопско време додека руските трупи продолжуваат да трпат големи загуби во Украина“.

Back to top button
Close