Бројот на смртни случаи поврзани со дрога во Англија и Велс се зголеми на рекордно високо ниво

Бројот на смртни случаи поврзани со наркотици во Англија и Велс достигна невообичаено високо ниво, при што повеќето од нив се должат на опијати, покажуваат податоците на британската канцеларија за национална статистика.

Според овие податоци, минатата година имало 4.859 смртни случаи поради употреба на дрога, што е 84,4 смртни случаи на милион луѓе. девет последователни години бројките растат – за 6,2 отсто повеќе од лани, што е воедно и највисока бројка откако податоците од оваа сфера почнаа да се внесуваат во 1993 година. Британската канцеларија за национална статистика соопшти дека севкупниот нагорен тренд во текот на изминатата деценија главно се должи на смртните случаи од опијати, но и оние кои вклучуваат други супстанции како што е кокаинот.

Бројките опфаќаат злоупотреба и зависност од дрога, случајна смрт, самоубиство и компликации од супстанции кои предизвикуваат физичка или ментална зависност, како и лекови на рецепт и без рецепт.

Смртните случаи поврзани со дрога се зголемиле за 81,1 отсто од 2012 година, кога имало 46,6 смртни случаи на милион луѓе

Back to top button
Close