Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија се доближи до 24.000

Најмалку 20.213 луѓе загинаа во земјотресот во Турција, информира вечерва турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Тој додаде дека се повредени 80.052 луѓе.

Во исто време сириската група Бели Шлемови соопшти дека најмалку 2.166 лица загинаа во северозападна Сирија, на територијата контролирана од сириската опозиција.

Зголемен е бројот на жртвите и во деловите од земјата кои се под контрола на владата, а сега има 1.387, со 2.326 повредени.

Вкупниот број на загинати во земјотресот во Сирија се искачи на 3.553 жртви. ј

Back to top button
Close