Брод што превезува 1,9 милиони барели иранска нафта и побегнал на американската морнарица

Ирански супертанкер што превезува сурова нафта во вредност од речиси 220 милиони долари го избегна американскиот надзор и плови кон Далечниот Исток, објави „Tanker Trackers“. Според компанијата за следење на танкери, бродот превезува повеќе од 1,9 милиони барели нафта, објави агенцијата Анадолу.
„Супертанкер од класата VLCC, во сопственост на Националната иранска компанија за танкери (NITC), кој превезува повеќе од 1,9 милиони барели сурова нафта со проценета вредност од речиси 220 милиони долари, успеа да ја избегне американската морнарица и да стигне до Далечниот Исток“, објави „Tanker Trackers“ на социјалните медиуми X.
Бродот, идентификуван како „GREAT“ (IMO број 9357183), последен пат беше виден кај Шри Ланка пред повеќе од една недела. Моментално се движи низ Ломбочкиот теснец во Индонезија и плови кон островите Риау.
Според информациите за поморскиот сообраќај, танкерот не емитува сигнал од Системот за автоматска идентификација (AIS) од 20 март. Сигналот бил исклучен откако бродот го напуштил Малачкиот теснец, додека бил на пат кон Иран.






